Top Sport

Финалето на Купот ќе биде преместено на комплексот на ФФМ во Скопје

Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија кое беше закажано за 20 мај во Струмица, сепак, ќе биде преместено во Скопје и ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во ФФМ. Ова поради лошата состојба на теренот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Во финалето ќе играат Струга Трим Лум и бранителот на ланскиот трофеј Македонија ЃП.

Најчесто финалните мечеви од Купот се играле на Националната арена „Тодор Проески“, но во моментот и таму теренот е во фаза на реновирање за настапите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024.

Scroll to Top