Top Sport

Згасна фудбалскиот клуб Рил

По 114 години постоење згасна фудбалскиот клуб Рил од Велс. Менаџментот на клубот ќе се обиде да изнајде начин и заедно со навивачите да основа нов клуб.

Финансиската криза што настана поради коронавирусот го остави клубот без приходи. Долгот на клубот изнесува 175.000 фунти, а менаџментот не може да најде нов инвеститор.

Рил во слична ситуација биле во 1992 година, но тогаш успеале да се спасат од банкрот.

Во долгата историја Рил два пати биле шампиони и вице-шампиони на Велс.

Scroll to Top