Лацио не успеа да стигне до третата последовна победа во Серија А, откако одигра 1:1 против Фиорентина на „Олимпико“. Со тоа тимот на Маурицио Сари остана на третата позиција со 38 бода, дури 12 помалку од лидерот Наполи.
Николо Касале во четвртата минута донесе водство за Лацио, а израмни Нико Гонзалес во 49.минута од дуелот.
Фиорентина по ова реми се наоѓа на 12. позиција на табелата со 24 бода.