Според турскиот „Скорер“, Фиорентина се сериозно заинтересирани за македонскиот талент на Фенербахче, Елиф Елмас, но засега не се подготвени да ја платат сумата од 20 милиони евра која ја бара турскиот клуб.
Виола веќе направиле понуда за 19-годишниот голем талент на македонскиот фудбал, но засега се подготвени да платат само 11 милиони евра. Елмас има три гола во 27 меча во турската Супер лига оваа сезона, додека има 10 настапи за македонската репрезентација.
Атлетико Мадрид, Тотенхем и Интер во последно време беа заинтересирани да го донесат тинејџерот, кој замина од Работнички за само 180.000 евра.
? @senadok: “Net bildiğim için rahat söylüyorum. Çok ilginç ve güvenilir bir bilgi. Fiorentina’nın bir teklifi var Eljif için. Fenerbahçe minimum 20 milyon euro istiyor” pic.twitter.com/CAygTG3mt1
— Skorer (@skorermilliyet) May 8, 2019