Top Sport

Фирмино: Го сакам Ливерпул, и тимот и градот, и не сакам да си одам

Роберто Фирмино доби понуда од Јувентус да се пресели во Серија А, меѓутоа тој сака да остане во Ливерпул. Бразилецот не сака да го напушти „Енфилд“.

Минатата сезона Фирмино се соочи со многу повреди и полека почна да го губи местото меѓу стартер. Оваа сезона со доаѓањето на Дарвин Нуњез не се очекува да добие сериозна минутажа на теренот, но, сепак, тој е подготвен да остане.

„Го сакам овој тим, го сакам овој град и навивачите. Тука сум среќен и секако дека сакам да останам“, изјави Фирмино.

Фирмино во Ливерпул пристигна во 2015 година и имаше улога во најголемите успеси на клубот во оваа деценија, како освојувањето на Премиерлигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Scroll to Top