Top Sport

Фирмино на лето доаѓа во Интер?

Италијанскиот калчолигаш Интер планира ново засилување за следното лето. Директорот Џузепе Марота е фокусиран ккон Роберто Фирмино, напаѓачот на Ливерпул, кој е слободен играч од 1 јули следната година.

Интер го планира Фирмино како еден бид замена за Ромелу Лукаку, со оглед дека тој е на едногодишна позајмица од Челси. Новиот менаџер Грем Потер најави дека сака да го врати на „Стемфорд бриџ“.

Роберто Фирмино го загуби статусот на стартер во Ливерпул, а сезонава одигра седум натпревари за „црвените“ на кои постигна три гола и забележа три асистенции.

Scroll to Top