Top Sport

Руски тренер доби отказ на полувреме!

Шефовите на рускиот прволигаш, Ахмат Грозни биле толку лути на играта на нивниот клуб при 3:1 поразот од Пари Нижни Новгород, што на полувреме му дале отказ на тренерот Андреј Талалаев, објавува „Чампионат“.

Според нивните извори, по првото полувреме, во кои домаќините во 16. минута пропуштија водство од пенал, откако обидот на Гамид Агаларов беше поништен поради тоа што се лизна и двапати ја удри топката. Тимур Сулејманов ги донесе Новгород во водство само шест минути подоцна и тоа било доволна причина Талалаев да добие отказ. Тренерот наводно си заминал од стадионот за време на полувремето.

Ахмат израмниле во 59. минута преку Јуриј Журављев, но гостите пак поведоа преку Сулејманов, за Кирил Гоцук да ја потврди победата на гостите во 64. минута. Со овој резултат, Новгород го помина Ахмат на осмата позиција на табелата по 9 кола

Scroll to Top