Top Sport

Флорентино Перез имал хируршки зафат на белите дробови

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се наоѓа во клиника во Мадрид каде утрово му бил извршен хируршки зафат на белите дробови, пренесуваат шпанските медиуми.

Медицинската интервенција била планирана, поминала добро, а 75-годишниот Перез се очекува целосно да закрепне, но најверојатно ќе мора да помине неколку дена во болница.

Тој викендов не беше на трибините за пресметката на Реал Мадрид со Севилја и очигледно нема да биде во Германија каде „кралевите“ вечерва ќе ги одмерат силите со Лајпциг во Лигата на шампионите.

Scroll to Top