Top Sport

Архус гостува во битолскиот пекол, Еурофарм Пелистер се надева на европски триумф

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 часот) ја отвораат европската сезона со натпревар на домашен терен против Архус во ЕХФ Европската лига. Се очекува пеколна атмосфера во Битола, со оглед дека билетите се распродадени.

„Добро ги познавам квалитетите на Архус, ќе мораме да бидеме многу, многу подобри од претходниот натпревар против Пролет доколку сакаме да имаме успех“, изјави тренерот на „пелистерци“, Ларс Валтер.

Архус е осмопласираната екипа во данскиот шампионат, а тимот на Ник Расмусен не знае за пораз на последните седум меча во сите конкуренции.

Германските судии Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд ќе ја делат правдата на вечерашниот меч во салата „Боро Чурлевски“.

Scroll to Top