Top Sport

Франција лесно се справи со „аѕурите“ (видео+галерија)

Подготовките на Франција за Светското првенство привршуваат со убедлива 3:1 победа на контролниот меч против Италија во „Алијанц арената“ во Ница.

Селекцијата на Дидие Дешам функционираше одлично, постигнувајќи три гола против тимот на новиот италијански селектор, Роберто Манчини. Самуел Умтити уште во осмата минута донесе водство за „триколорите“, за Антоан Гризман од пенал по половина час да го удвои водството.

Леонардо Бонучи само седум минути подоцна им даде надеж на Италијанците дека можат да извлечат поволен резултат, меѓутоа во 63. минута, напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле беше најбрз за со прекрасен удар да донесе убав резултат за Французите.

Фото: ЕПА


Scroll to Top