Top Sport

Франција направи пресврт против Австралија, влегува со предност во второто полувреме

Франција, сепак, уште е светски шампион и покажа зошто е така, откако по изненадувачкото рано водство на Австралија во нивниот прв меч на СП во Катар, успеа да направи пресврт и да поведе со 2:1.

Крег Гудвин ги донесе „сокерус“ до водство по само 9 минути игра, но Адриен Рабио по одличната асистенција на Тео Ернандез во 27. минута да израмни на 1:1, за потоа Рабио да му асистира на уште еден фудбалер од Серија А, Оливие Жиру пет минути подоцна за 2:1.

Жиру, кој е стартер откако Карим Бензема не успеа да се опорави од повредите за СП, со своите 36 години стана најстариот француски репрезентативец кој играл на едно СП, а ова му беше јубилеен 50. гол во дресот на „триколорите“.

Австралиска „шок-терапија“ за Французите

Scroll to Top