Top Sport

Ларкин: Сакам да играм, но тоа не е реално

Плејмејкерот на Анадолу Ефес Шејн Ларкин на социјалните мрежи се огласил по повод можното враќање на Евролигата која е прекината поради коронавирусот. Евролигашите в понеделник ќе одлучуваат дали сезоната ќе продолжи. За разлика од Евролигата Турците ја поништија сезоната.

Ларкин е кошаркарот кој ја обележа сезоната во Евролигата. Најзаслужен е за лидерската позиција на Ефес со само четири порази во 28 натпревари.

Американецот со турски пасош на „Инстаграм“ напишал дека преголеми се пречките за да може да продолжи сезоната. Според него ризикот од повреди е голем бидејќи паузата не е иста како онаа помеѓу две сезони.

„Лично многу би сакал сезоната да продолжи, особено ако се земе во предвид дека мојата екипа оваа сезона игра фантастично и дека имамем големи шанси за успех. Сепак мислам дека пречките се големи. Ова е мој личен став, но сметам дека многу играчи ќе се согласат со мене“, напишал Ларкин.

Scroll to Top