Top Sport

Франк Кеси се сели во Тотенхем?

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Франк Кеси. Раководството на клубот веќе испратило понуда од 13 милиони фунти за да го доведе од Лондон.

26-годишниот играч за врска пристигна на „Камп Ноу“ минатото лето како слободен играч од Милан, но не успеа да се наметне меѓу стартерите на тимот.

Од почетокот на сезоната Кеси има само пет натпревари на кои стартуваше од првата минута. Тотенхем сака да ја искористи оваа ситуација и да го купи одличниот играч за врска.

Scroll to Top