Top Sport

Њукасл се интересира за Николо Заниоло

Раководството на англискиот премиерлигаш Њукасл се распрашува кај Рома за можноста да го ангажира крилниот напаѓач Николо Заниоло. „Чавките“ се претставија одлично од почетокот на сезоната и шефовите се подготвени да направат дополнителни инвестиции за да го засилат составот и да станат вистински кандидат за Топ 4, позициите кои водат во Лигата на шампионите.

23-годишниот фудбалер има договор со Рома до 2024 година. Клубот се обидува да го убеди повторно да потпише, но во оваа фаза без успех. Токму поради тоа тренерот Жозе Мурињо и директорот Тиаго Пинто разговараат за можноста да го жртвуваат за да ја наполнат касата и да ги искористат средствата од неговата продажба за да доведат други играчи.

Сепак, Њукасл мора да биде подготвен за сериозна понуда доколку сака да го обезбеди потписот на Заниоло. Во моментов неговата цена е околу 30 милиони евра, но најверојатно од Рома ќе побараат многу поголема сума.

Покрај Њукасл, конкуренти за потписот на Италијанецот се и Јувентус, Интер и Тотенхем.

Scroll to Top