Седењето дома и гледањето на стари фудбалски видеа очигледно има и своја лоша страна – луѓето се инспирирани од стилот на поранешните фудбалски ѕвезди.
Неколку дена откако еден татко го „усреќи“ своето дете со фризура во стилот на бразилскиот Роналдо од СП во 2002 година, иако тоа бараше фризура како Кристијано Роналдо, најновото засилување на Барселона, Мартин Брејтвајт реши да направи слична промена на имиџот.
Данецот одигра само три натпревари за каталонскиот гигант пред да се сопре европскиот фудбал, но очигледно едвај чека да излезе од изолација.
„Денеск открив нов талент“, пишува Брејтвајт со видео со неговата нова фризура.
Се надевам дека оваа ретро-фризура нема да стане хит ова лето по излегувањето од изолација.
Кутрото дете! Сакаше фризура како Кристијано, а доби стил како бразилскиот Роналдо (видео)