Top Sport

Фудбалерките лути што супермоделот Адријана Лима е заштитно лице на СП

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја ангажираше поранешната манекенка на „Викторијас сикрет“, Бразилката Адријана Лима како амбасадорка на Светското првенство, нешто што наиде на бурна реакција на дел од фудбалерките кои ќе настапат на Мундијалот.

Според претседателот на ФИФА, Џани Инфантино порача дека ангажирањето на Лима ќе помогне да се направи „одлична врска“ помеѓу ФИФА и фановите, посочувајќи дека Лима е страствен фудбалски фан, иако претходно немаа врска со спортот.

Австралиската вице-капитенка, Моја Дод вели дека ова е погрешен потег и дека морале да се решат за некоја поранешна фудбалерка, а не за модел.

„Кога девојче игра фудбал светот ја гледа поинаку. Наместо да ја фалат за добриот изглед или убавиот фустан, ја ценат за стартовите, а постигнатите голови. За тоа што може да го направи, а не за игледот. На машкото СП ќе има постери од Кристијано Роналдо или Лионел Меси, на женското ќе биде жена која признава дека гладувала девет дена прад модните шоуа“, вели Дод.

Светското првенство во женска конкуренција стартува на 20 јули 2023 во Австралија и Нов Зеланд.

Scroll to Top