Фудбалерот на Фиорентина, српскиот репрезентативец Алекса Терзиќ преку социјалните медиуми се прости со својот пријател кој беше убиен во близината на Крагуевац во неверојатниот масакр кој го направи 21-годишниот У.Б.
Веднаш по хоророт во основното училиште во Белград, У.Б. успеа да убие осум луѓе и да рани дополнителни 14 пред да биде приведен од полицијата. Еден од загинатите е пријател на Терзиќ.
„Почивај во мир, добар наш“, напиша Терзиќ на Инстаграм со фотографии на младиот човек.