Top Sport

Фулам го скрши Лидс во второто полувреме

Фулам го совлада Лидс со 2:1 во натпреварот од 32.коло на Премиер лигата. Сите три гола беа постигнати во вториот дел.

Во првиот дел од играта Фулам беше поагресивен, но немаше шанси на двете страни.
Затоа беше многу поинтересно во продолжението. Домаќините поведоа во 58. минута преку Хари Вилсон. Предноста ја удвои Андреас Переира во 72.минута. .

Ветеранот Патрик Бамфорд, кој наместо Родриго влезе во игра за Лидс, во 80. минута намали на 2:1 и им даде надеж на гостите дека можат да дојдат до бод.

До крајот на натпреварот, Вилијан ја имаше најдобрата шанса за Фулам, неговиот удар заврши во гредата.

Со овој триумф Фулам се зацврсти на средината на табелата, додека Лидс и понатаму е во опасната зона со 29 бода, два повеќе од Нотингем кој моментно е на 18. позиција која води во Чемпионшип.

Scroll to Top