Фулам го договри трансферот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Андреас Переира.
Бразилскиот фудбалер ќе потпише договор со новиот премиерлигаш на три години, вреден околу 10 милиони фунти, со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Минатата сезона, Андреас Переира, играше како позајмен во Фламенго, за кој на 31 натпревар постигна седум гола.
Переира кој покрај бразилско има и белгиско државјанство, во првиот тим на Манчестер јунајтед е од 2014 година, но за осум години има одиграно само 45 натпревари. Од 2016 година како позајмен играч настапувал за Гранада, Валенсија, Лацио и Фламенго.