Top Sport

Гачевски на Фејсбук: ФФМ = Задруга

Комисијата за натпревари при ФФМ не ја регистрираше со службен пораз средбата на Гостивар против Пехчево поради настап на неправилно регистриран фудбалер за гостиварци, Гордијан Христовски, а тоа предизвика револт кај вардарци, кои се директно засегнати како конкурент во трката за пласман во Првата лига.

Со реакција на социјалните мрежи излезе голманот на Вардар, Филип Гачевски, кој Фудбалската федерација на Македонија ја спореди со српското реално шоу „Задруга“.

Натпреварувачката комисија на ФФМ дополнително го испрати клубот Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски на Дисциплинска комисија.

Scroll to Top