Top Sport

УЕФА отвори истрага за хулиганскиот напад над Дмитровиќ во Лига Европа

УЕФА денеска отвори истрага за големиот инцидент што се случи во Ајндховен. Навивач на ПСВ истрча на теренот и го удри голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ за време на натпреварот од Лига Европа.

Инцидентот се случи во второто полувреме кога еден хулиган му побегна на обезбедување, втрча на теренот и од зад грб го нападна српскиот голман. Дмитровиќ успеа да го совлада и да го собори, а потоа пристигнаа играчите на двете екипи, но и обезбедувањето.

Дмитровиќ го продолжи натпреварот, неговиот тим загуби со 0:2, но сепак се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, откако го доби првиот натпревар со 3:0.
Српскиот голман по натпреварот изјави дека „никогаш не е убаво“ да се гледаат вакви сцени на фудбалските стадиони

Севилја во осминифиналето на Лига Европа ќе игра против Фенербахче.

Scroll to Top