Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие вели дека не верува дека постои конфликт меѓу неговите суперѕвезди Лионел Меси и Килијан Мбапе откако двајцата се „судрија“ во финалето на Светското првенство, каде што Меси и Аргентина стигнаа до победа над Франција и покрај хет-трикот на Мбапе.
Мбапе беше мета на аргентинските фудбалери по триумфот, со повеќе видеа на кои пеат песни за него, а самиот Меси за време на парадата во Буенос Аирес доби перниче со Нинџа-желки, поради сличноста на Мбапе со ликовите од тој цртан филм. Галтие вели дека не постои тензија и дека за тоа е виновен голманот на Астон вила и на аргентинската репрезнтација, Емилијано Мартинез.
„Јас би се фокусирал на односите меѓу нив двајца. Не беше Лео Меси тој кој се потсмеваше со другите фудбалери. Тоа што го видов по финалето ме уверува дека нема потреба да се мешаат тие работи само бидејќи однесувањето на голманот беше такво. За мене е најважно како се сложуваат моите фудбалери. Килијан е во одлично располжение и покрај поразот. Секако, беше разочаран, но тоа го направи со класа. Му честиташе на Меси и тоа е добро за клубот и за нив двајца“, вели Галтие.