Враќањето на тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие во Ница не помина најдобро, откако навивачите на неговиот поранешен клуб го „почестија“ со навредлив банер за неговата 83-годишна мајка.
Откако ПСЖ победија со 2:0, Галтие влезе во остра дискусија со фудбалерот на Ница, Жан-Клер Тодибо, со кого наводно имаше конфликт и додека беше тренер на клубот од југот на Франција.
„Го виде ли банерот? Замисли да ти го направеа тоа тебе“, му кажа Галтие на Тодибо, по што саркастично им аплаудираше на навивачите на Ница.
„Сакам да им се заблагодарам за прекрасното добредојде. Зошто реагирав така? Го видовте банерот. Мојата мајка има 83 години и се опоравува од рак. Точка. Работата која ја завршив тука минатата сезона е причина зошто тие навивачи може да гледаат европски фудбал. Што и да мислат, затоа има европски мечеви во Ница“, вели Галтие.
Галтие една сезона беше на клупата на Ница, носејќи ги до финалето на Купот на Франција и петто место во Лига 1, со што се квалификуваа за Конференциската лига, каде што стигнаа до четврт-финалето во кое играат со швајцарскиот Базел.
C’est tendu entre Todibo et Galtier 🥶🥶🥶 pic.twitter.com/imrglX6CaG
— 𝙏𝙤𝙙𝙞𝙗𝙚𝙖𝙪 🇸🇳 (@La_Melooow) April 8, 2023