Гана дојде до првата победа на Мундијалот откако во голеада ја совлада Јужна Кореја со 3:2. Мохамед Кудус беше таличен за селекцијата на Гана, тој успеа во клучен момент да даде победнички гол, откако Корејците претходно надоместија два гола негатива. Но, напаѓачот на Ајакс, кој денеска беше двоен стрелец, погоди за победа во 68.минута од натпреварот.
Гана поведе со 2:0, со головите на Мохамед Салису и на Мохамед Кудус во првиот дел. Потоа следеше период на Јужна Кореја и израмнување со двата гола на Гу-Сунг Чо, во 58. и во 61.минута.
Сепак, на крајот Мохамед Кудус им пресуди на Корејците и донесе прв триумф за Гана на Светското првенство.