Top Sport

Последен ден од целодневната програма на СП

Денес ќе на Светското првенство во Катар ќе биде комплетирано второто коло. Ова е последниот ден од целодневната мундијалска програма и четири натпревари в о термините од 11, 14, 17 и 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Од утре ќе има измени во термините, поради што целото третот коло ќе се одигра од утре до петок. Натпреварите во секоја група ќе започнуваат во исо време. ФИФА ги одреди термините од 16 и 20 часот.

Веќе в сабота ќе се одиграат првите два натпревари од осминафиналето.

Потоа ќе има нова промена на термините и натпреварите ќе се играат во 18 и 22 часот по македонско време. Првата пауза на Светското првенство ќе биде меѓу осминафиналето и четвртфиналето. Поточно нема да се играат натпревари на 7. и 8. декември.

Scroll to Top