Поранешниот фудбалер на Лацио, Тотенхем и Њукасл, Пол Гаскоњ е ослободен од обвинувањата за сексуален напад по инцидентот кој се случи во еден воз во август 2018 година.
52-годишниот Гаскоњ, кој имаше 57 настапи за англиската репрезентација од 1988 до 1998 година, беше уапсен на 20 август 2018 и обвинет за сексуален напад. Гаскоњ ги отфрлаше обвинувањата и додаде дека ја бакнал жената за да и даде самодоверба откако друг патник ја навредил.
„Не бев пијан, не беше на сила, не беше сексуално. Реагирав на тоа што таа дама беше наречена дебела и грда“, изјави Гаскоњ.
Поротата денеска ги отфрли сите обвинувања за Гаскоњ.