Лионел Меси постојано праќа „предупредувања“ на управата на Барселона дека не му се допаѓа насоката во која се движи клубот, тврди поранешниот претседател на клубот, Жоан Гаспарт.
Аргентинецот подолго време го одложува потпишувањето на нов договор, а неодамна се појави веста дека тој има клаузула во договорот со која може да замине на крајот на сезоната. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ не најавил дека ќе замине од единствениот клуб во професионалната кариера, но неодамнешната изјава остава простор за сомнеж.
„Тоа што можам да го кажам е дека сакам да бидам во Барселона колку е можно подолго. Го кажував тоа цела кариера – ова е мојот дом. Но, не сакам да имам долгорочен договор и да останувам тука само поради тоа. Сакам да бидам тука бидејќи сум важен дел од тимот. Мене парите или клаузулата не ми се мотивација, а најважно е да имаме победнички тим“, изјави Меси за каталонскиот „Спорт“.
Гаспарт вели дека оваа изјава е директно предупредување за засилување на тимот по неуспехот на Барселона да го донесат Нејмар ова лето.
„Меси е дел од филозофијата на Барса. Го познавам добро и не мислам дека се работи за директна закана за Барселона, бидејќи тоа не е неговиот стил. Но, по секоја изјава имаше ’ама’, така што треба да сфатат дека тоа е предупредување дека не му се допаѓа правецот во кој оди клубот. Знам дека се обидоа да го донесат Нејмар, но ПСЖ бараше 300 милиони евра, и тука веќе се работеше за прашање на чест“, вели Гаспарт.