Top Sport

Мекгрегор: Хабиб се крие зад болеста на неговиот татко!

Конор Мекгрегор тврди дека „битката“ со корона вирусот со која се наоѓа таткото и тренер на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап е само „лажга“ за Хабиб да избегне да се бори во октагонот.

До овој заклучок Ирецот дојде откако братучедот на Хабиб, Абубакар Нурмагомедов објави фотографија од победата на Хабиб над Мекгрегор во 2018 со „давење“ и со порака: „Кога е корона вирус и не можеш да дишеш“. Невкусната шега дојде додека 57-годишниот Абдулманап останува во клиниката во Москва по мозочниот удар предизвикан од инфекцијата со КОВИД-19.

Мекгрегор, кој претходно му посака брзо опоравување на Абдулманап, смета дека ова е доволен доказ дека некој тука ја крие вистината и дека се работи за „заговор“.

„Сфатив дека сè е некое прикривање за Абдулманап. Лажење за да се сокрие неактивноста и повлекувањето од мечевите и да се избега. Ви посакувам добра среќа, но не заборавајте – Алах гледа сè“, напиша Мекгрегор.

Хабиб оваа недела изјави дека Абдулманап останува во сериозна ситуација, но дека можел да разговара со него кратко. Хабиб исто така потврди дека се подготвува за камбек оваа есен против преодниот шампион Џастин Гетџи.

 

View this post on Instagram

 

Это когда коронавирус и ты дышать не можешь.

A post shared by Абубакар Нурмагомедов (@abubakar_nurmagomedov) on

Scroll to Top