Иако во минатото изјавуваше дека Карло Анчелоти му е како „втор татко“, тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо имаше „студена“ средба со својот поранешен ментор на стартот на мечот од Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија.
Двајцата тренери кои се познаваат од времето кога Гатузо беше негов „генерал“ во славната генерација на Милан претходно признаа дека не зборувале еден со друг повеќе од една година по конфликтот околу тренерското место во Наполи. Гатузо го смени Анчелоти на клупата на италијанскиот клуб во 2020 и јавно го критикуваше Анчелоти за физичката подготвеност на фудбалерите, нешто што Анчелоти го сфати лично.
🤝 𝐴𝑙𝑒𝑎 𝑖𝑎𝑐𝑡𝑎 𝑒𝑠𝑡
📺 @MovistarFutbol#superSupercopa pic.twitter.com/O9hLZanXeJ
— RFEF (@rfef) January 11, 2023
Долгогодишното пријателство е растурено – Гатузо и Анчелоти не зборувале меѓу себе цела година