Џенаро Гатузо инсистира дека неговиот Наполи не може секогаш да биде убав како холивудската ѕведа Бред Пит, порачувајќи им на своите фудбалери дека понекогаш треба да се грди како него.
Наполи стигна до 2:1 победа над Удинезе благодарение на голот на Тиемуе Бакајоко во 90-тата минута, за да се шести во Серија А, со 9 поени зад лидерот на Милан и Гатузо вели дека ваквите тешки и грди победи се реалност.
„Не се лутам на моите фудбалери за својата техника, туку само кога не го мирисаат стравот. Мислам дека сме тим кој не ја чувствува опасноста кога доаѓа и тоа мора да се смени. Не сакам кога има некоја утка, да се расправаат за тоа. Не! Работиме како тим! Наполи сака секогаш да е убав тим, но понекогаш е добро да си грд. Не можеш секогаш да си Бред Пит, со руса коса и сини очи. Понекогаш, треба да си малку грд како мене. Сега, можеби сум малку погрд поради инјекциите со кортизон, но се чувствувам подобро“, вели Гатузо.