Top Sport

Газдата на Милан лично ќе се ангажира околу новите договори на Пиоли и Леао

Газдата на Милан, Американецот Гери Кардинале, на почетокот на октомври ќе дојде во Италија за да заврши голема работа. „Газета дело Спорт“, пишува дека приорите на кардинале ќе му биде да ги убеди тренерот Стефано Пиоли и напаѓачот Рафаел Леао да ги продолжат договорите.

Американскиот бизнисмен ќе дојде на „Сан Сиро“ и ќе ги следи натпреварите против Челзи во Лигата на шампионите и дербито во Серија А во кое неговиот тим се среќава со Јувентус.

Сепак, приоритет ќе му бидат новите договори на нови договори со Пиоли и Леао.

Договорот на Пиоли истекува во 2024 година со опција за продолжување на уште една година. Поради одличните резултати на тимот и освоеното Скудето минатата сезона, Кардинале сака да ја активира оваа опција во договорот на Пиоли.

И договорот на Рафаел Леао истекува во летото 2024 година. Кардинале планира средба со менаџерот на португалскиот напаѓач Жорге Мендеш за да склучат нов долгорочен договор.

Доколку двете страни не постигнат договор, продажбата на Леао е можна веќе во јануари. За него се интересираат клубови од Премиер лигата, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Scroll to Top