Матео Гендузи, очигледно создава проблеми со своето однесување во било кој тим, откако француските медиуми велат дека донел „токсична“ атмосфера во Олимпик Марсеј, каде што е на позајмица како уште актуелен фудбалер на Арсенал.
22-годишниот Французин претходно добиваше само пофалби за стартот на сезоната во Лига 1 и дури беше повикан и во репрезентацијата на Дидиде Дешам, но минатиот викенд при 3:2 поразот од Ленс, тој беше во центарот на расправија со неговиот соиграч Жерсон по вториот примен гол, по што Димитри Паје мораше да ја смирува ситуацијата.
Според „Л’Екип“, Гендузи го прашал Бразилецот: „Кога ќе почнеш да трчаш“, нешто што наишло на бес на повеќе фудбалери на Марсеј
„Не е само Жерсон кому му е преку глава од Гендузи, бидејќи неколку играчи имаат проблем со неговото однесување. Начинот на кој ги обвинува другите, посебно ги нервира соиграчите“, вели извор на „Л’Екип“ од клубот.
Ова не е првпат карактерот да му направи проблеми на Гендузи, кој беше исфрлен од тимот на Арсенал откако го провоцираше својот сонародник Нил Мопе од Брајтон, објаснувајќи му колку повеќе заработува од него во меч во кој доби црвен картон во 2020. Артета го исфрли Гендузи од тренинзите со првиот тим, по што минатата сезона го прати на позјамица во Херта, па оваа сезона во Марсеј.
— L'ÉQUIPE D (@LEQUIPED) September 26, 2021
Гендузи до фудбалерите на Брајтон: Вие не сте фудбалери, вие сте го..а