Top Sport

Географијата не му е силна страна – Грилиш нема поим како изгледа Британија

Ѕвездата на Манчестер сити, Џек Грилиш, очигледно, не може да се пофали со основно знаење на географијата на неговата земја, откако се посрамоти на промотивно видео на англиската репрезентација во кое требаше да покаже од каде доаѓа.

Заедно со Џордан Хенерсон, Џејмс Ворд-Прауз и Конор Коуди, тие играа во играта во која Хендерсон требаше да погоди од каде точно доаѓа Грилиш, по што тој мораше да покаже дали е во право.

26-годишниот Грилиш, најскапиот британски фубалер во историјата, само прашува: „Што, ова е Англија?“, предизвикувајќи смеа.

Ова не е првпат тој да се посрамоти со своето (не)знаење. Додека беше во Астон вила, поранешниот менаџер Дин Смит изјави дека Грилиш има „енциклопедиско“ знаење за фудбалот. Кога беше запрашан за тоа, Грилиш призна дека не знае што значи тоа „енциклопедиско“.

Scroll to Top