Top Sport

Герет Бејл повторно херој, ја донесе првата титула на Лос Анџелес ФЦ!

Иако многумина го отпишаа по неговата одлука да се пресели во американската МЛС лига, Герет Бејл повторно покажа дека е човек за големи мечеви, помагајќи неговиот нов клуб, Лос Анџелес ФЦ да стигне до својата прва титула од МЛС купот со израмнувачки гол во 128 минута.

Во драматичен меч, ЛАФЦ губеа со 2:3 од Филаделфија јунион, пред Бејл да израмни, по што неговиот тим славеше во пенал серијата за прва титула во историјата на клубот од Калифорнија.

„Секако дека е убаво. Секогаш е убаво да дадеш гол во финалињата. Очигледно добро ми оди во такви мечеви. Ова беше важно за клубот и за навивачите. Останавме со 10 играчи и не изгледаше дека ни оди како што треба“, вели Бејл.

Велшанецот секогаш бил најдобар кога е најпотребно, како во 2018 година, кога им даде два гола на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите за Реал Мадрид да го крене трофејот.

Scroll to Top