Гери Невил цела своја кариера ја посвети на Манчестер јунајтед, но смета дека градскиот лут ривал Манчестер сити е на страната на правдата во конфликтот со УЕФА и верува дека ќе успее да ја собори смешната суспензија од две сезони настапи во ЛШ и глупоста наречена финансиски ферплеј.
Сити најавија жалба пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Лозана, и Невил смета дека по долгиот судски случај, „граѓаните“ ќе бидат успешни.
„Мислам дека Сити ќе ја победи УЕФА бидејќи немам апсолутно никаква доверба во УЕФА. Тоа е безнадежна организација која дава непостојани дисциплински казни за различни работи. Сигурен сум дека случајот ќе заглави во судот некое време, но дека Сити на крајот ќе бидат победници“, вели Невил за „Скај спротс“.
Тој се согласува дека е потребна некаква контрола за трошењето на парите во фудбалот, но вели дека сегашниот финансиски ферплеј (ФФП) не го обезбедува тоа.
„Секогаш велев дека ФФП е погрешен начин за финансиските правила. Тоа беше правило донесено за да се спречи банкротот на тимовите, но постојат поинакви работи да се гарантира тоа – банкарски гаранции, други хартии. Ако сопствениците имаат пари и сакаат да трошат, тогаш зошто би ги спречувале? Да се тврди дека Манчестер сити ќе ги стигнеа Манчестер јунајтед преку оддржлив раст е глупост. Единствен начин да го направат тоа е преку инвестиции на сопствениците“, објаснува Невил.