Еден момент од мечот Македонија-Германија не ги покажа македонските фанови во најдобро светло, откако во лицето на ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих беше вперен зелен „ласер“. Инцидентот се случи во 18. минута, додека 26-годишниот Кимих изведуваше корнер за „маншафт“.
Покрај тоа, „Билд“ тврди дека нема ферплеј на „Тоше Проески“ во Скопје, бидејќи беа забележителни и свирежите при изведувањето на германската хима.
Bei Deutschland-Ecke – Fiese Laser-Attacke gegen Kimmich https://t.co/buatCxAOnc #Nationalelf #Nationalmannschaft
— BILD Nationalelf (@BILD_National11) October 11, 2021
A green laser was pointed at Joshua Kimmich’s face during Germany’s match against North Macedonia ? pic.twitter.com/uIBMF850ix
— B/R Football (@brfootball) October 11, 2021