Top Sport

Германско-шкотска пресметка во Лига Европа, Рома-Феенорд во конференциска битка

Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс ќе играат за титулата од Лига Европа по победите во реваншите на домашен терен, додека Рома на Жозе Мурињо ќе игра со Феенорд во првото финале на новата Конференциска Лига Европа на УЕФА.

Ајнтрахт, по елиминацијата на Барселона, успеа да победи и на гости кај Вест хем со 2:1 во првиот меч, за пред домашната бурна публика, повторно да го победи тимот на Дејвид Мојс, овојпат со 1:0 со голот на Рафаел Боре во 26. минута, откако „чеканите“ уште во 17. минута останаа со играч помалку по црвениот картон на Арон Кресвел.

Ренџерс на Џовани ван Бронкхорст, пак, спречија германско финале во Лига Европа, победувајќи ги РБ Лајпциг со 2:0 … Џејмс Таверниер уште во 19. минута ги донесе Ренџерс во водство за во 24. минута, Глен Камара да зголеми на 2:0. Кристофер Нкунку во 71. минута ја врати надежта за германскиот клуб, за Џон Лундстрам во 81. минута да го потврди пласманот на шкотскиот клуб.

Теми Абрахам пак, повторно беше клучен за Рома на Мурињо, постигнувајќи го единствениот гол за 1:0 победа над Лестер, по 1:1 ремито на гости, за „волчицата“ да добие шанса да ја заврши сезоната со титула. Во финалето тие ќе играат со Феенорд, кои издржаа на „Велодром“ кај Олимпик Марсеј за 0:0 реми по 3:2 победата на домашен терен.

ЛИГА ЕВРОПА,1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Ајнтрахт Франкфурт – Вест хем 1:0, прв меч 2:1, вкупно 3:1

Глазгов Ренџерс – РБ Лајпциг 3:1, прв меч 0:1, вкупно 3:2

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Рома – Лестер 1:0, прв меч 1:1, вкупно 2:1

Олимпик Марсеј – Феенорд 0:0, прв меч 2:3, вкупно 2:3

Scroll to Top