Гибралтар ја забележа својата трета победа во историјата на натпреварување на УЕФА, откако со 1:0 славеше на гостувањето кај Ерменија во Лигата на нации, и покрај што направи историја и отвори пат на Македонија до првото место во групата.
Човек на одлука беше Џозеф Чиполина, кој во 50. минута беше прецизен од белата точка. Со овој резултат и со победа на Македонија над Лихтенштајн вечерва, нашата репрезентација речиси сигурно го осигурува првото место на табелата и покрај незгодното гостување кај Ерменија.
Гибралтар, нацијата со 34.000 жители, е само 198. на светот, 98 места зад Ерменците, во чиј стартен состав беше Хенрик Мхитарјан, ѕвездата на Арсенал.
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Норвешка – Словенија 1:0
1.Бугарија 6, 2.Норвешка 6, 3.Кипар 3, Словенија 0
ЛИГА Д, ГРУПА 1
Грузија – Андора 3:0
Летонија – Казахстан 1:1
Табела: 1.Грузија 9, 2.Летонија 2, 3.Казахстан 2, 3.Андора 2
ЛИГА Д, ГРУПА 4
Ерменија – Гибралтар 0:1
Табела: 1.Македонија 6, 2.Лихтенштајн 3, 3.Ерменија 3, 4.Гибралтар 3