Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло признава дека разочаран што падот на концентрацијата во последните секунди од мечот донесе до 1:1 реми на гостувањето кај Лацио и ги предупреди своите играчи дека мораат да останат ментално подготвени и да внимаваат на секој детаљ.
Јуве имаше предност преку Кристијано Роналдо на почетокот на мечот, но во 95. минута, Фелипе Каиседо успеа да постигне гол, за четврто реми во седум кола во Серија А за клубот од Торино, кој заостанува три поени зад лидерот Милан.
„Одигравме одличен натпревар, не им дадовме да шутнат на гол. Но, титулите се освојуваат ако внимаваме на секој детаљ, а вака 10 секунди загубивме концентрација и тие израмнија. Главата е најважното нешто во фудбалот, ако не одиш подготвен тогаш имаш лош меч. Моравме да дадеме нешто повеќе“, вели Пирло.
Дополнителна главоболка е повредата на Кристијано Роналдо, кој во 73. минута од мечот побара замена поради повреда на скочниот зглоб.
„Роналдо е наш клучен фудбалер, но имаше проблеми и морав да го заменам. Работевме да бидеме подобри и да имаме нови идеи“, додава тренерот.
Лацио се претплатени на драми – Каиседо пак ги спаси од пораз од Јуве во 95. минута