Семејството Глејзер, во чија сопственост се наоѓа Манчестер јунајтед, решиле да продадат дел од кациите на фудбалскиот клуб. Тие веќе ја известиле берзата во Њујорк, дека ќе продадат пакте акции, а во јавноста соопштија дека клубот нема да има никакви приходи од продажбата на акциите.
Семејството Глејзер од продажбата на акциите очекува да добие 137.120.000 фунти, објави британскиот сервис Би-би-си.
Ова е втор пат во изминатите шест месеци, сопствениците на Манчестер јунајтед, да продаваат акции. Во март, семејството продаде акции во вредност од 70.000.000 фунти.
Неуспехот на проектот европска Суперлига, во која браќата Глејзер беа активно вклучени, ги натера да продаваат акции.
И покрај продажбата на акциите, семејството Глејзер останува доминантен сопственик на акциите. Браќата поседуваат 69 отсто од акциите на англискиот фудбалски великан.