Уругвајскиот дефанзивец и поранешен играч на Атлетико Мадрид и Интер, Диего Годин е подготвен да го напушти бразилскиот клуб Атлетико Минеиро.
Годин, минатата зима ја напушти Европа откако замина од Каљари и се пресели во редовите на бразилскиот шампион, за кого досега одигра 20 натпревари.
Сепак, тој е многу блиску до заминување бидејќи сака да игра повеќе и да биде подготвен за Светското првенство во Катар.
Според аргентинските медиуми, тој добил понуда од Велез Сарсфилд. Извесно е дека ветеранот кариерата ќе ја продолжи во Аргентина.
„Последните потези што ги направив беа во служба на репрезентацијата. Кога го напуштив Интер во Каљари, го направив тоа затоа што сакав поголема минутажа на теренот. Истото беше и кога ја напуштив Европа и дојдов во Бразил за помалку пари, изјави Годин.
36-годишникот за Ургвај има одиграно 159 натпревари.