Пред точно една година почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Иконата на аргентинскиот фудбал, почина од срцев удар на 60-годишна возраст.
Во кариерата настапувал за Аргентинос јуниорс, Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс Олд Бојс.
Марадона има статус на божество во Неапол и Аргентина. Со Наполи ја освои Серија А, а Аргентина ја однесе до светската титула во 1986 година. Во историјата е запишан неговиот настап во четврт-финалето против Англија, кога постигна еден спектакуларен и еден гол кој е познат како „Божја рака“.
Кариерата му ја уништи употребата на наркотици.
Во чест на Марадона, стадионот на Наполи го носи името „Диего Армандо Марадона“.