Месут Озил го постигна својот најубав гол по трансферот во Фенербахче, но херој на мечот беше Португалецот Мигуел Креспо, кој во 95. минута стрелаше за 1:2 победа на неговиот тим во „интерконтиненталното“ дерби со Галатасарај во уште еден бурен меч од Турската Суперлига
Керем Артукоглу во 16. минута го донесе Галатасарај во водство, но потоа следуваше најубавиот потег на мечот, соло акцијата на Озил во 31. минута за израмнување. Само во првото полувреме беа доделени седум жолти картони, а Фенербахче во 83. минута остана со играч помалку по вториот жолт картон на Марсел Тисеран. Мбаје Диањ само минута подоцна ја затресе мрежата на Фенер, меѓутоа голот беше поништен поради фаул. Тогаш на сцена во 95. минута стапи Креспо кој со убав удар донесе три поени за Фенербахче и прекинување на низата од четири меча без победа.
Фенербахче сега се петти во лигата со 23 поени, седум зад лидерот Трабзонспор, додека Галатасарај се осми со 21 поен.
GOL | Galatasaray 1–0 Fenerbahçe
⚽16′ Kerem Aktürkoğlu#GSvsFB pic.twitter.com/8qUTz95GJv
— Medya Ofisi ? (@MedyaOfisi) November 21, 2021
MESUT OZIL SCORED IN DERBY!
GOAL: 31′ Galatasaray 1-1 Fenerbahce (#Ozil)
Follow for more goals @ronaldmorgan_ pic.twitter.com/b8rdsgK1vj
— Ronald Morgan (@ronaldmorgan_) November 21, 2021
GOL | Galatasaray 1-2 Fenerbahçe, 90+4' Crespo pic.twitter.com/m7TPuvjlDn
— Mustafa (@mustafatuzkayaa) November 21, 2021