Top Sport

Голем кикс на Колумбија – Перу победи во Бранкиља

Колумбија и Перу го комплетираа 15.коло во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Перуанците, во Баранкиља, победија со 1:0 со што направија голем чекор кон Мундијалот во Катар.

Перу, имаа само еден удар во рамките на голот и тој заврши во мрежата. Херој на Перуанците е напаѓачот на ДЦ јунајтед, Едисон Флорес во 85.минута. Колумбија упати 28 удари кон голот на Перу, ниту еден не заврши на вистинското место.

Перу со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата со 20 бода.

Во последните три кола, Перу ќе ги пречека Еквадор и Парагвај и ќе гостува во Уругвај, додека Колумбија ќе гостува во Аргентина и Венецуела и ќе ја пречека Боливија.

Пласман во Катар од Јужна Америка веќе изборија Бразил и Аргентина. Директно место има за уште две селекции додека петтопласираната ќе игра во интернационалниот бараж.

Табела: 1. Бразил 36 (14 натпревари), 2. Аргентина 32 (14), 3. Еквадор 24 (15), 4. Перу 20 (15), 5. Уругвај 19 (15), 6. Колумбија 17 (14), 7. Чиле 16 (15), 8. Боливија 15 (15), 9. Парагвај 13 (15), 10. Венецуела 7 (14).

 

Scroll to Top