Top Sport

„Големата четворка“ ја спасува Бундеслигата

Фудбалскиот свет е воодушевен од гестот на четири екипи Бундеслигата, во периодот кога светот е парализиран од коронавирусот.

Четири клуба (Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и РБ Лајпциг) решија да формираат солидарен фонд за да им помогнат на помалите клубови кои не можат да се изборат со финансиските проблеми.

Наведените клубови ќе уплатат 20 милиони евра во Фудбалскиот сојуз на Германија. Овие пари Сојузот ќе треба да ги распредели по клубовите во првата и втората лига, со што ќе биде олеснето нивното функционирање.

Баерн, Борусија, Баер и Лајпциг се откажале од приходите од ТВ-правата, 12,5 милиони евра по клуб, а сумата ја заокружиле со по 7,5 милиони евра од своите буџети.

Претходно фудбалерите на Баерн и Борсија Дортмунд се откажаа од една петина од своите плати, додека трае кризата, со што цел да им овозможат на вработените во нивните клубови редовно да ги добиваат своите плати.

Scroll to Top