Top Sport

Големо признание за Иван Тричковски на Кипар

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски доби голема сатисфакција за неговите одлични игри во првенството на Кипар. Тој вчера и официјално беше избран во тимот на сезоната во првенството на Кипар.

Тој го доби признанието на свечена церемонија, потсетувајќи дека и минатата сезона беше одличен. Уште поважно за него и за АЕК Ларнака е што Тричковски прикажува фантастични игри и оваа сезона и веќе има постигнато 12 гола.

Иван Тричковски е странецот со најмногу постигнати голови во историјата на кипарскиот шампионат и веќе прераснува во легенда на АЕК Ларнака.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');