Голманот на фудбалската репрезентација на Австрија, Хајнц Линднер, има рак на тестисите, објави играчот на социјалните мрежи. Тој истакна дека сега следува голема борба за него, но дека ќе се врати посилен..
„За жал, морам да соопштам дека оваа сезона за мене во Сион и во репрезентацијата е завршена. Неодамна ми дијагностицираа тумор на левиот тестис. Тоа многу ме погоди, а борбата допрва почнува. Пред неколку дена бев опериран и сѐ мина во најдобар ред“, објави Линднер.
Тој очекува дека ќе биде подготвен да се врати на фудбалските терени идната сезона.
Линднер досега има 36 настапи за репрезентацијата на Австрија.