Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомез (35), го постигна единствениот гол за својот тим во поразот од ПСВ (1:2), во второто коло во Лига Европа.
Ветеранот од Шпанија, постигна спектакуларен гол во 29 минута од натпреварот. Топката пред да заврши во голот на ПСВ патуваше 56 метри.
Статистичарите пресметале дека Гомес постигнал гол од најголема далечина во историјата на лига Европа. Тој го урна рекордот на Кемар Рофе, кој минатата недела погоди од пола терен за триумф на Ренџерс над Стандард.
Хорди Гомез во Омонија пристигна во 2018 година, претходно шест сезони го носел дресот на Виган. Во кариерата играч и во Еспањол, Сандерленд, Блекбурн, Рајо Ваљекано и Левски од Софија.