Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели не се „криеше“ по елиминацијата на неговиот клуб од фантастичниот Ајакс во четврт-финалето на Лигата на шампионите и на „Скај Италија“ прво им честиташе на противниците, а потоа најави дека ова не е крај на надежите за ЛШ за италијанскиот клуб.
„Мојата работа секогаш е да правам генерални проценки. Ајакс заслужија целосно да се квалификуваат, но да потсетиме дека последните пет-шест години постојано сме барем во четврт-финалето во Лигата на шампионите и треба да продолжиме со тоа. Ајакс беа подобри во двата меча, а претходно им направија проблеми на Баерн Минхен, ги елиминираа и Реал. За тоа мора да добијат наклон. Како навивач, секогаш постои разочараност, но треба да признаеме дека нашите противници беа подобри од нас и да имаме доволно култура да им честитаме. Нашиот тим може да расте со Алегри на клупата, така што по крајот на сезоната ќе разговараме за следните планови. Имаме клуб за иднината“, вели Ањели.
Навивачите на Јувентус ја сподели и фотографијата по мечот на која Ањели е со Кристијано Роналдо во соблекувалната. Господин човек!
Cristiano Ronaldo and Andrea Agnelli after the game tonight. pic.twitter.com/V9JPQfq1xv
— Juvefc.com (@juvefcdotcom) March 13, 2019