Иако Пол Погба веќе не е дел од Манчестер јунајтед по заминувањето во Јувентус како слободен играч, легендата на Ливерпул, Греем Сунес не издржа и повторно го критикуваше Французинот, сметајќи дека тој, заедно со Антони Марсијал не се „дораснати“ да играат за „ѓаволите“, бидејќи не можат да се справат со притисокот кој го носи таа улога.
Марсијал беше во добра форма за новиот менаџер Ерик Тен Хаг по враќањето од Севилја каде што беше позајмен, но повторно не е достапен откако се повреди пред мечот со Брајтон, кој Јунајтед го загубија со 1:2.
„Марсијал докажа дека не е за Јунајтед. Налик на Погба. Гледам квалитети во двајцата фудбалери, но не се подготвени за битка. Јунајтед не ангажираа фудбалери кои можат да ја сменат ситуацијата. Марсијал очигледно не може да се справи со притисокот да игра за Јунајтед. Ман Јунајтед се еден од најголемите клубови на светот, како Ливерпул, Челси и Манчестер сити. Тоа е големата лига. Марсијл и Погба имаат квалитети кои малкумина ги поседуваат, но ги покажуваат само кога тоа им одговара, а во голем клуб тоа не можеш да го правиш. Тоа се луѓе на кои не можете да се потпрете“, вели Сунес.
“Martial has proven he’s not for United.”
“It’s a bit like Pogba. I see the qualities in both players, they’re not up for the fight.”
Graeme Souness says #MUFC must not rely on Anthony Martial this season. pic.twitter.com/6YcNPWAQUj
— talkSPORT (@talkSPORT) August 8, 2022